Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Силјановска потпишала кандидатура за претседател на Северна Македонија, а вели дека не го признава новото име

Силјановска не знае каде е, тоа е факт. Таа е загубена во политиката на деструкција на Мицкоски којашто ја следи, велат од владејачката партија.

Од таму додаваат дека претседателската кандидатка не е искрена и е лицемерна пред граѓаните и пред јавноста.

„Силјановска пред граѓаните вели дека не го признава и нема да го користи уставното име на државата. Но, официјален документ потврдува дека таа се потпишала на кандидатура за претседател на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Според нив, неприфатливо е претседателски кандидат да ги манипулира гласачите, да говори едно, а друго да прави и сметаат дека граѓаните нема да дозволат, како што велат, лицемери и партиски послушници да застанат на чело на државата.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК