6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кандидатите за претседател утре ќе ја почнат предизборната трка

Од утре официјално стартува изборната кампања за претседателските избори.

Според најавите, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, кампањата ќе ја почне од Охрид, заедничкиот кандидат Стево Пендаровски вечерта ќе биде помеѓу граѓаните во Прилеп, а Блерим Река од Алијансата за Албанците и Беса ќе излезе пред скопјани на плоштадот „Скендербег“.

Денеска претседателските кандидати во Државната изборна комисија со потпис се обврзаа на фер и демократски избори. Тие порачаа дека изборната трка ќе ја водат демократски и со аргументи и си посакаа успешни и фер избори.

Кампањата за претседателските избори завршува на 19 април на полноќ. Првиот круг на гласање за претседателските избори ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.

Спонзорирано: