19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царинската управа: Не е вистина дека објавуваме огласи за вработување

Царинската управа преку соопштение го демантира тврдењето на порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој рече дека пред изборната кампања е распишан оглас за 22 времени вработувања во Царинската управа. Од управата велат дека ниту вработуваат ниту објавуваат огласи за вработување во дневни весници.

„Видно од објавата е дека станува збор за објава на оглас за доделување на договор за јавна набавка за услуга за привремено вработување.

Оваа набавка е планирана согласно Законот за јавни набавки со план за јавни набавки за 2019 година донесен на 24.01.2019 година од страна на директорот на Царинската управа. Планот е објавен на web страната на Царинската управа. Набавка е планирана под реден број 21 (http://customs.gov.mk/images/documents/javni-nabavki/PlanZaJN_2019.pdf) со очекуван почеток на набавката во месец март и проценета вредност на набавката од 2.600.000,00 денари со ДДВ.

Истакнуваме дека станува збор за целосна лага и обид за дезинформирање на јавноста. Ваквиот начин на информирање на јавноста е тенденциозно дезинформирање од страна на ВМРО ДПМНЕ и целосно е во спротивност со политичката етика и професионализам“, наведе Царинската управа во демантот.

Спонзорирано: