25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Погубните политики на оваа влада го уништуваат земјоделието и сточарството во Македонија

СДСМ континуирано ги лаже земјоделците и сточарите. Зоран Заев се што им вети на земјиделците пред избори ги излажа. Поради неисполнетите ветувања на Заев, земјоделците од Велес излегоа на протест. Погубните политики на оваа влада го уништуваат земјоделието и сточарството во Македонија, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Сточарството и земјоделието се пред колапс. Ниските откупни цени за јагнето се грабеж врз сточарите. Сточарите се уценувани од откупувачите заради негрижата и незаинтересираноста на државата и Министерството за земјоделие. Откупните цени се катастрофални и погубни за сточарите. Сточарите мака мачат додека министерот се луксузира по хотели со пет звезди на најефзотичните дестинации.

Оваа влада е синоним за неуспех и политики кои што негативно се одразуваат врз земјоделието низ целата држава.

Министерот Николовски на чело со Заев и СДСМ мора да поднесе одговорност за очајната состојба во македонското земјоделие.

Со СДСМ Република Македонија само тоне. Нема просперитет со власта на Заев, токму затоа потребно е што побргу да си заминат“ се вели во партиското соопштение.