Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Данска го ратификува Протоколот за членство во НАТО

Парламентот на Данска без ниту еден глас против го ратификува протоколот за полноправно членство на Република Северма Македонија во НАТО, соопшти владејачката СДСМ.

„По Грција, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Романија и Литванија, Данска е деветта земја членка која даде зелено светло за влез на нашата земја во НАТО.

Се остваруваат врвните национални интереси, по деценија уназадување, Република Северна Македонија тргна напред, станува 30 та земја членка на НАТО Алијансата.

Тешките одлуки кои што се донесоа се влог во иднината. Влезот во НАТО не значи само безбедност и стабилност, туку со себе носи и напредок, силна економија, подобар живот за сите и отворени перспективи за младите.

Како напредуваме во интеграциите, како се ближиме до членство во НАТО и ЕУ, така се повеќе бенифиции ќе добиваат граѓаните и државата.

Затоа, не смееме сега да застанеме, Република Северна Македонија мора да продолжи напред, силна и обединета околу вистинскиот пат, патот на интеграциите, развојот и напредокот“ додаваат од партијата.

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ПОВТОРНО ЈА ЗАПАЛИЈА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА: ВМРО-ДПМНЕ со остар став

ДЕСК

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?

ДЕСК