Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Поповски: Колку повеќе саморегулација, толку помалку државна регулација

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, имаше обраќање на конференцијата на тема „Предизвиците на медиумската саморегулација во регионот на Балканот и Турција” во организација на Советот за етика во медиумите (СЕММ).

„Во насока на обезбедување услови за квалитетно новинарство во дигиталната ера, политиките на Владата секогаш ќе се раководат од тоа што медиумите и медиумските професионалци ќе го утврдат како највисоки етички стандарди во остварувањето на нивната благородна професија”,истакна Поповски во своето обраќање.

Говорејќи за поддршка на слободата на изразување и создавање услови за најдобри новинарски практики, министерот укажа дека Владата уште на една од своите први седници усвои изјава за изразување силна политичка волја, како и поддршка на Владата и на нејзините институции, за континуирана примена на етичкиот кодекс за медиумско известување, и за силно охрабрување на примената и почитувањето на системот за медиумска саморегулација. ​

„Саморегулацијата на медиумите како принцип кој произлегол од самите медиуми и од професионалците во нив, има за цел да ги заштити основните интереси – слобода на изразувањето, а во, исто време, да ја врати довербата на јавноста во однос на нивните медиумски содржини. Најчесто споменувано мото од застапниците на овој систем е: Колку повеќе саморегулација – толку помалку државна регулација”, истакна Поповски додавајќи притоа дека со ова мото целосно се согласува и искрено верува во него.

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност истакна дека реакциите и укажувањата на саморегулаторните тела мора да добијат на видливост во самите медиуми, да стекнат почит и вреднување во јавноста. Од таму треба да дојдат и иницијативите насочени кон борбата против лажните вести и дезинформациите, и за повторно воспоставување кредибилитет на новинарите и на заемната доверба меѓу медиумската заедница, публиката и општествените институции, додека властите во секоја држава имаат обврска да бидат целосно отворени и отчетни и своите политики да ги стават на увид на медиумите и јавноста.

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК

СЛЕДУВА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД И ВРНЕЖИ, НЕКАДЕ ВО ФОРМА И НА НЕВРЕМЕ – Метеоцентар со четири дневна прогноза

ДЕСК