9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВМРО ДПМНЕ/Facebook
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Дескоска лаже како Заев, еве доказ дека амандманите се испратени

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ по изјавата од Министерството за правда дека не им биле доставени амандманите од страна на опозицијата. Тие реагираат со соопштение и со доказ дека амандманите биле испратени денеска нешто по 16 часот.

„Рената Десковска лаже како Зоран Заев. Срамен е начинот на кој што таа и Заев ги злоупотребуваат државните институции во одбрана на лагите и манипулациите на Зоран Заев.

Ја повикуваме Рената Десковска да го отвори сопствениот маил и да каже дали добила или не порака од претседателот на Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски точно во 16 часот 19 минути и 16 секунди ?

За да се смали просторот за манипулации еве и помош на Десковска. Во прилог ви испраќаме слика од маилот во кој што се испратени амандманите во атачмент.

Го разбираме Зоран Заев и СДСМ дека се во паника и не знаат што да прават, но лажењето на граѓаните не е опција и не смее да биде случај“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.