10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk / илустрација
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Снег во Македонија: Драстичен пад на температурите, од утре голема промена на времето

Под влијание на значително постудена воздушна маса од утре до четврток ќе има зголемена облачност, во западните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за околу 10 степени во однос на денешната. Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Прогноза за 27.03.2019
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 8°С до 15°C
Променливо облачно и посвежо со локален дожд, а на планините снег, особено во западните и јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Прогноза за 28.03.2019
Минимална температура: -1°C до 4°C
Максимална температура: 7°C до 14°C
Променливо облачно и посвежо со локален дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

Прогноза за 29.03.2019
Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 9°C до 17°C
Умерено облачно со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Спонзорирано: