Првенствено оваа Влада ја извлече државата од граѓанска војна која што можеше да ни се случи на 27ми април и никогаш граѓаните не треба да заборават што се правеше оваа криминална банда и структура во државата, која што е врзана со сите овие структури вклучително и со самото судство за да спречи и мирен трансфер на власта но и да се потсетиме на проблемите, на сето она што го имавме во претходните 11 години, изјави вечерва генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во интервју за Телма.
Ние денеска немаме меѓуетнички тензии, немаме тепачки по автобуси, ние денес немаме проблеми од типот каков што имавме во претходните 11 години, ја донесовме слободата да секој може слободно да говори, да критикува, да предлага. Ја донесовме демократијата за која што сите се боревме. Државата од изолирана стана светол пример, храбро влеговме во носење на историски одлуки коишто ги попречуваа сите генерации, рече Николовски.