25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Петгодишна Русинка заработува 18 милиони долари годишно

Анастасија Раџинскаја има само пет години и е на трето место на листата на најплатени јутјубери на списанието Форбс.

Популарноста на петгодишната Русинка расте од ден на ден и таа годишно заработува 18 милиони долари само благодраение на јутјуб. Каналот на Анастасија го актвирале нејзините родители објавувајќи снимка од третман откако ѝ била дијагностицирана церебрална парализа. Докторите стравувале дека девојчето никогаш нема да зборува, но родителите не губеле надеж. Видео снимките им послужиле за да им покажат на пријателите и семјството дека Анастасија напредува.

Тие објавувале видео-игри со тато, со мачка и слични содржини занимливи за деца. По објава на снимките во золошка градина во 2018 година, со рекорден број прегледи, девојчето стана ѕвезда на јутјуб.

Анастасија, на интернет позната како „Настија“, денес има седум канали што ги следат 107 милиони луѓе, а од 1 јуни 2018 до 1 јуни 2019 година, благодарение на реклами и спонзорирана содржина заработила 18 милиони долари. Овој изност не е ниту приближен на оној што госишно го заработува Рајан Каји. Тој е на прво место на Форбсовата листа на најдобро платени јутјубери, со годишна заработка од 26 милиони долари.

Каји се прослави со отворање подароци пред камери. Каналот Ryan ToysReview бил активиарн во 2015 год., а неодамна го преименува во Ryan’s World (Светот на Рајан) и има 23 милиони следбеници. Успехот на овие деца со тек на годините може да донесе помал приход. Имено, јутјуб моментално соработува со американска Сојузна комисија за трговија (ФТД) со цел да се лимитира приходот на каналите за деца. Според комисијата, ваквите канали потенцијално го кршат законот за приватност на интернет./Makfax