23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Трагедија во страотниот пожар во Велес: Едно лице загина, полицијата го соопшти идентитетот

Еден загинат и целосно изгорена куќа која припаѓаше на културното наследство во Велес е билансот од вчерашниот страотен пожар.

Во пожарот кој избувна доцна во ноќта во петокот, загинал 79.годишниот сопственик М.П..

Засега се спомнуваат две варијанти за причините за пожарот. Едната е дека можна причина е греалката која што ја користел седумдесетидевет-годишниот сопственик, а другата е дека можеби и причина за трагедијата е запалена цигара.

Телото на починатиот не е проанјдено, а објектот изгорел во целост.

Според информациите на ОПштината куќата била изградена во 1886 година по стара автентична велешка архитектура.

Во гасењето на пожарот учествуваа голем број на пожарникари, а на помош на велешките противпожарни служби, пристигнале и пожарникари од Скопје.

Од пожарот делумно е зафатена уште една куќа.

МВР: Еден загинат во пожарот во Велес
На 20.12.2019 во 23.30 часот било пријавено дека во Велес, на ул.„Јован Алабаков“ настанал пожар во куќа, сопственост на М.П.(79) и истиот загинал. Од пожарот била зафатена и соседна куќа. Пожарот бил изгаснат, се врши увид.