13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ “распали” по ДПМНЕ: Мицкоски ги следи само принципите на груевизмот, затоа на 12 април ќе доживее пораз,режим – никогаш повеќе е неговиот кошмар

Единствениот принцип во кој верува Христијан Мицкоски е принципот на груевизмот – ВМРО-ДПМНЕ да се богати додека граѓаните и државата осиромашуваат и тонат во долгови, порачаа од владејачката СДСМ.

– Мицкоски може да нуди само обнова на режимот, затоа што и тој е дел од режимот како советник и генерален секретар на Никола Груевски.
Какви промени зборува овој загубен човек? Па тој ништо не промени во ВМРО-ДПМНЕ и нема ниту дозвола ниту капацитет за повеќе.
Мицкоски е портпарол на Никола Груевски и ништо повеќе.

Ставовите на Мицкоски во однос на правдата се најголемата денешна лага. Тој е најголемиот кочничар на правата и го брани криминалот на режимот.

Да беше за одговорност Мицкоски уште денеска ќе го повикаше на одговорност неговиот секретар Игор Јанушев. Затоа што како потписник на сметката го прекршил Изборниот законик со незаконски долг од 400.000 евра за кампањата.

Најбогатата партија во Европа со замрзнат милионски имот да најавува закон за утврдување на потеклото на имотот на политичарите е дрско и лицемерно. Еве нека не го опструираат случајот Талир и Талир 2 и криминалните пари од белиот дворец ќе се вратат кај граѓаните.
Мицкоски е дефиниција за политикант затоа што едно зборува дома, а друго надвор, едно кажува во јавните настапи а друго на средба со странски претставници.

Западнат во очај и безидејност денеска Мицкоски ветува мерки што веќе се спроведуваат и даваат резултати.

Затоа ВМРО кочничарска ДПМНЕ го кочи покачувањето на пензиите во Собрание, донесувањето на Законот за одбрана, ја опструира правдата.
Тоа е понудата на Мицкоски, лицемерие, лажен патриотизам и обнова на режимот.

Со таква понуда го чека извесен пораз на 12 април. 12 април е Денот Д за расчистување на последните остатоци од режимот на Груевски.
На изборите граѓаните ќе ја поразат деструктивната политика и ќе порачаат режим – никогаш повеќе, порачаа од СДСМ.

Спонзорирано: