Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Облачно со дожд, на планините снег

Времето денеска и утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2), особено во западните и југоисточните делови. Во текот на ноќта кон среда врнежите од дожд ќе поминуваат во снег и на повисоките места, информираат од УХМР.

Утринската температура ќе се движи од нула до 7 степени, а дневната од 3 до 12 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4, а дневната до 8 степени.

Преодно стабилизирање на времето ќе има в четврток, а в петок кон крајот на денот, како и в сабота се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.