Centar.mk
БИЗНИС

Добра вест за возачите: Поевтинува бензинот

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 02.12.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 02.12.2019 година, и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит. / РКЕ

Можеби ќе ве интересира

Зошто ЕСМ се жали ако направиле профит од 40 милиони евра и заштеда од 880 милиони евра?

ДЕСК

Документ што сите го забораваат пред одмор: Една проверка може да ве врати од граница

ДЕСК

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

ДЕСК