Времето во текот на ноќта и изутринава беше облачно со повремени врнежи од дожд. Во Маврово и Крушево е магловито со намалена видливост.
Во текот на денот ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 25 л/м2). Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од 11 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.