24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈАИЗБОР

Протекоа податоци за 1,2 милијарди корисници на Интернет

Личните податоци на 1,2 милијарда корисници на Интернет се нашле незаштитени на еден сервер до кој можел да пристапи било кој со доволно точна веб адреса.

Како што пишува американскиот стручен магазин „Вајерд“, станува збор за незаштитена база на податоци за која не се знае како е креирана, но е јасно дека податоците ги добивала од повеќе извори.

Ја сочинувале податоците на 1,2 милијарда корисници на онлајн сервиси, како социјалните мрежи, а главно се состоела од имиња, имејл адреси и броеви на телефони. Среќа во несреќа е што во базата на податоци немало лозинки, нити податоци за кредитни картички.

Незаштитената база на податоци била откриена во октомври 2019 година, а во неа податоците се „тешки“ околу четири терабајти и вклучуваат информации собирани од профилите на Фејсбук, Твитер и Линдкин.

На серверот биле пронајднеи четири милијарди профили и 650 милиони единствени имајл адреси што можеле да се поврзат со 1,2 милијарда вистински лица.

Како што се наведува, серверот веќе не е онлајн и до податоците веќе не може да се пристапи, а случајот бил пријавен во американското Федерално истражно биро (ФБИ)./Makfax