13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Зборот е збор: Костадин Костадинов објави фотографија од ново-асфалтираниот пат кон Куклиш – “После ова паднаа во вода лагите на ВМРО ДПМНЕ”

Фејсбук статус на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник на струмичкиот регион:

За помалку од една недела од реакцијата на УМС Струмица, делот од улицата на регионалниот пат кон с. Куклиш е завршен.

Реков дека нити има потреба од ловење риби, нити од политизирање на она што значи приоритет на граѓаните.

Секако браво за интервенцијата на ЈПДП и директорот Китанов.

Улицата е средена, асфалтирана и вода не се собира.

Уште еднаш апелирам до сите граѓани.
Барајте ме за секој проблем, она што може ќе се реши во најкраток рок.

Пс. ДПМНЕ повеќе од 10 години немаше ниту дупка закрпено на овој пат.

Претходно во ек на реконструкцијата младината на ВМРО ДПМНЕ во Струмица реагираше дека на тоа место се собирало вода, но обидот за политичка дискредитација не помина кај јавноста, со оглед дека патот беше во процес на брза реконструкција. На социјалните мрежи граѓаните коментираат дека “Паднаа лагите на ВМРО ДПМНЕ” и дека зборот е збор.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Филипче зборува дека инфлацијата е висока, а до пред година и пол во време на СДСМ рушеше рекорди во Европа со над 20%

ДЕСК

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

ДЕСК

Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство на поранешен партнер врз девојка, лишени од слобода две лица

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.