Економијата влегува во период на стабилност и солиден раст, рече на прес конференција, Фатмир Битиќи, претседател на Комисија за финансии на СДСМ.
Ова го потврди и ММФ, кој проектира дека економскиот раст ќе забрза следната година.Фондот истовремено ги поздравува реформите во насоките на сузбивање на сивата економија и посочуваат дека тие се на високо место на владината агенда.
Во заклучоците на ММФ нотирано е дека:
Системите за пензии и социјални давања се зајакнати.Реформите ќе помогнат во подобрување на деловната клима и ќе ги заштитат работниците, а ќе имаат и потенцијално големи придобивки во смисла на приходи. Се очекува растот дополнително да зајакнува во текот на следната година.
Невработеноста покажува одржливо намалување, поддржано од значително креирање на нови работни места.Пониските даноци и повисоките пензии и плати се дополнителен стимул за потрошувачката.Економскиот раст се проектира на 3,4% што е подобрување за 0,3 процентни поени во одност на пролетната проекција.Заклучоците на ММФ јасно покажуваат дека одговорните домаќински политики на СДСМ се поттик за економскиот раст.Минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 14.500 денари.
Сега месечната потрошувачка кошница од 32.000 денари се покрива со 2,3 минимални плати, а пред две и пол години беа потребни 3,5 минимални плати.
Невработеноста е намалена на историски најниско ниво од 17,5 насто, од 23,6 пред 2,5 години.Зголемувањето на платите и намалувањето на невработеноста стабилно го полнат пензискиот фонд и затоа пензионерите ќе добијат зголемување на пензиите од 700 денари, кое со усогласување со трошоците за живот до крајот на идната година ќе изнесува 900 денари.
Ако ја продолжевме пензиската политика на ВМРО-ДПМНЕ, пензискиот фонд ќе беше во колапс и ниту еден пензионер немаше да добие пензија на први.
Ние годишно отвораме по 15 илјади работни места, а ВМРО-ДПМНЕ градеше по стотина споменици.ВМРО-ДПМНЕ даде 250 милиони евра поддршка за 15 компании, кои отворија 15 илјади работни местаНие со 50 милиони евра поддржавме 180 компании, кои отворија три пати повеќе работни места.
Но не е разликата само во бројот на работните места, туку и во висината на платата.ВМРО-ДПМНЕ им велеше на странските инвеститори дека тука има квалификувана и евтина работна сила. Компаниите земаа финансиска поддршка од владата и на работниците им плаќаа срамни 8.000 денари плата.
Ние им даваме поддршка на инвеститорите, но само ако им понудат најниска плата на работниците, која е за 50% повисока од минималната.
Покрај зголемувањето на платите во сите сектори, целосно го реализираме концептот за враќање на парите кај граѓаните.Сите граѓани заслужуваат да живеат достоинствено.
СДСМ продолжува со мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните.На прав пат сме!, рече Битиќи.