СДСМ е предводник на концетот за застепеност 50-50 и тоа од овде најавувам дека го оставруваме, порача претседателот Зоран Заев на трибината на Форумот на жени на СДСМ под мотото „ 20 години чекориме по патот на еднаквоста“.
Низ овие 20 години Форумот на жени покажа дека е нераскинлив дел од СДСМ. Многу мерки и политики денес немаше да бидат возможни ако не беше посветеноста на Форумот на жени. Нашата позиција како СДСМ е јасна: потребни се повеќе жени во политиката и тоа заедно со вас ќе го оствариме. Во нашиот Извршен одбор повеќе од половина членови се жени. Еднакви сме, можеме, тоа е пораката што ја испраќаме. Ние сме предводник во концептот 50-50 на застапеност на жени во политиката. Не како бројка туку суштински како квалитет. И тоа ќе го оствариме. На следните избори, СДСМ ќе има 50-50 отсто жени и мажи на листите, целосна еднаквост, порача претседателот Заев.