23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Полицијата „ги чешлаше” угостителските објекти низ Скопје – Приведени десет лица

Десет лица се приведени вчера и денеска во периодот меѓу 23:00 до 04:00 часот во рамки на операцијата на СВР Скопје, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државен инспекторат за труд во која беше извршена контрола во седум угостителски објекти во Скопје.

При преземањето на мерките и активностите приведени се Д.В. (42) од Скопје поради утврдување на идентитет, В.Г. (32) од Скопје, поради омаловажување на полициски службеник при вршење службени дејства, Ј.Ј. поради сторен прекршок по чл.80 од Закон за оружје (поседувал т.н. боксирач) и седум малолетни лица поради присуство во угостителски објекти надвор од законски дозволениот период.

Од страна на полициските службеници констатиран е прекршок по чл.21 „кој овозможува присуство на малолетни лица во угостителски објект подоцна од 24:00 часот„ од ЗППЈРМ , прекршок по чл.75 од Закон за приватно обезбедување и четири прекршоци од Закон за заштита од пушење. Во еден угостителски објект биле пронајдени полиетиленски кесички со марихуана, кесичка со тврда материја бела боја и таблети, додека во службените простории од угостителскиот објект исто така биле пронајдени полиетиленски кесички со марихуана и полиетиленски кесички со прашкаста материја, за што по целосно документирање ќе се поднесат соодветни поднесоци.

Од страна на Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државен инспекторат за труд констатирани се повеќе неправилности во работењето на пет угостителски објекти и тоа: нерегуларности во дневен промет, нерегистрирано вршење на дејност, неправилно и неуредно водење на службена евиденција.Инспекторите од УЈП, ДПИ и ДИТ дополнително констатирале и два прекршоци по член 3 согласно Закон за заштита од пушење.