Вложуваме во живиот, човеки капитал а не во мртви споменици, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред граѓаните во преполаната сала во Велес. Претседателот Заев истакна дека веќе на почетокот на идната година следуваат нови значајни покачувања на платите во клучни сектори, важни за граѓаните и државата.
-Минималната плата ја зголемивме на 14.500 денари а просечната за над 2.000 денари, за само 2.5 години. Обезбедивме средства, платите во образованието се зголемуваат повторно за 10 отсто, што е вкупно 20 отсто покачување за само две и пол години. Обазованието е клучно и очекуваме и професорите со покачувањето на платата ќе ја зголемат мотивираноста и ефикасноста во наставата, да пружаат знаење на нашите дец, рече претседателот Заев.
Истото го правиме и во здравството. Со зголемувањето, платите заедно со дежурствата, на специјалистите во Клиничкиот центар ќе бидат 100.000 денари, во другите помали боници и здравствени домови помеѓу 88 и 92.000 денари, ќе растат и платите на медицинските сестри. Важно е лекарите да ни останат дома и тука да работат, порача Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Велес.