24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница, едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори.

Извршниот комитет го задолжи Јанушев до следната седница да предложи состав на Републичкиот изборен штаб.

Од опозициската партија велат дека на состанокот на ИК се анализирал и досегашниот тек на акцијата „Обнова на Македонија“ и проблемите со кои се соочуваат илјадници граѓани кои пристапиле и побарале решение.

„Беше констатирано дека граѓаните не сакаат лаги и измами како ветувањата на Зоран Заев, туку инвентивна, реална, остварлива програма која што ќе го подобри нивниот стандард и ќе ги врати вистинските вредности во Македонија.Околу актуелната политичко-економска состојба беа нотирани низа сомнителни однесувања на власта во заминување кои ќе треба да бидат истражени откако Зоран Заев ќе биде поразен и законите ќе важат подеднакво за сите.
Насилничкото однесување на власта, непочитувањето на законите и расипничкото трошење на народните пари се јасен показател дека СДСМ и Заев заминуваат. Секој обид да се узурпира волјата на граѓаните кои се цврсто определено да го казнат Заев, ќе повлече одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИК констатирал дека власта три години не направила ништо за аерозагадувањето, а Скопје и други градови низ државата се на врвот на светските листи на најзагадени градови.