Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

„Скопјани повеќе немаат време за чекање и лажни ветувања од ВМРО-ДПМНЕ“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче, кој денеска заедно со кандидатите за градоначалници на Аеродром и Гази Баба, Александар Трајановски и Влатко Митовски, изврши теренска посета на депонијата Вардариште.

„Четири години неспособната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ не успева да реши една дива депонија што шири зараза и смрт. Ова е врв на неработење, негрижа и криминална рамнодушност“, рече Филипче.

Филипче при теренската посета испорача сет конкретни решенија кои ќе се спроведат веднаш по преземањето на одговорноста во локалната власт:

Воведување механизација за покривање на отпадот со земја и глина, компактирање и затворање на жариштата за елиминирање на кислород и влага, систем за извлекување и согорување на метанот и формирање стручен штаб со експерти за управување со отпад.

„Мора службите на Град Скопје веднаш да добијат задачи за надминување на проблемот со горење на отпадот. Не може Советот на Градот да биде на страна, а скопјани да се гушат“, порача Филипче.

Тој потсети дека токму советничката група на СДСМ побарала итно свикување на седница за Вардариште, но ВМРО-ДПМНЕ молчи.

Можеби ќе ве интересира

Турски државјанин со скапоцено “bmw 5” удрил во контејнери и автомобил во Скопје, па побегнал од местото, но полицијата му го “нашла крајот”

ДЕСК

Ужас на “Ленинова” – Со “хјундаи” удрил во полицаец кој веднаш е пренесен во градска

ДЕСК

Гореше автомобил со скопски таблички – нов случај на опожарено возило на подрачјето на Аеродром

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.