3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е се што имаме“ од првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров.

„Таа е добар потсетник како во 1990-тите во време на конфликти на Балканот, се изборивме за самостојност и меѓународно признавање, процеси кои немаше да се случат без лидерството на претседателот Глигоров. Неговото наследство треба да биде водилка за сите што доаѓаме после него посетувајќи не дека имаме одговорност пред граѓаните да развиваме општество на соживот и просперитет насочено кон евро – атлантското семејство“, напиша Пендаровски на социјалните мрежи.

Пендаровски во текот на вчерашниот ден се сретна со неговиот француски колега, Емануел Макрон. Пендаровски по средбата порача дека се согласува со реформа на методологијата за претпристапните преговори, а Франција веќе поднела неформален предлог (нон-пејпер) до земјите членки на ЕУ за реформата.

Макрон на Пендаровски му кажал дека би можело да се очекува конечна одлука за отворање преговори во мај на Самитот во Загреб, но не му дал гаранции дека одлуката ќе биде позитивна. Пендаровски инсистирал на тоа дека Македонија не прифаќа друга алтернатива на полноправното членство во ЕУ, на што Макрон возвратил дека тој никогаш не ни нудел друга алтернатива.

Франција ги блокираше Македонија и Албанија на последниот Европски Совет, посочувајќи на неопходност за промена на методологијата на преговорите за членство во Унијата.

Спонзорирано: