Под влијание на влажен бран од Медитеранот денес и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд.
Пообилни врнежи на повеќе места ќе има во вечерните и ноќните часови, а утре повеќе врнежи се очекуваат во источните делови.
На места ќе наврнат над 30 л/м2 дожд. Ќе дува повремено засилен југоисточен ветер (над 60 км/час), кој особено ќе биде изразен вдолж Повардарието, како и на повисоките места и на планините.