-СДСМ продолжува во реализација на мерките што обезбедуваат повисоки плати и го унапредуваат здравствениот систем. Пoстигнат е договор, во февруари 2020 година следува ново, значително зголемување на платите во здравството. Платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25 отсто, а на медицинските сестри за 10 отсто. Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018-та наваму, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40 а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 отсто. Со ново зголемување платата на лекар специјалист наставник или обичен специјалист, во Клиничкиот Центар на Хируршките Клиники и на Интерните Клиники, со новото покачување ќе достигне, но на некои и ќе надмине 100.000 денари. Просекот на платата на лекар специјалист во општите болници ќе биде некаде помеѓу 85 и 88.000 денари, заедно со дежурствата и согласно бројот на дежурствата, може многу лесно да достигне и до 100.000 денари, изјави на денешната прес конференција, Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ и коалицијата.
-Ваквиот раст е во насока на обезбедување плата од 100.000 денари за лекарите специјалисти кое беше едно од нашите главни ветувања во Програмата. Ги спрoведуваме дадените ветувања, го враќаме достоинството на лекарите. Како одговорна партија не застануваме тука. Продолжуваме да работиме на подобрување на условите во здравството за лекарите и медицинскиот персонал да останат во јавното здравство. Грижата за лекарите, за граѓаните, останува наш врвен приоритет, рече Кузмановска.