8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Буџетот за 2020 година на денешната седница на Владата

На дневниот ред на денешната редовна 163-та седница на Владата е ставен на усвојување предлог-буџетот за 2020 година, како и предлог-законот за извршување на буџетот .

На оваа своја седница Владата ќе ја разгледа и информацијата со предлог-одлука за купување и адаптација на простор во новото седиште на НАТО во Брисел за потребите на Мисијата на Република Северна Македонија при НАТО.

На предлог на Министерството за здравство денеска ќе биде презентирана и информацијата за потребата од набавка и инсталација на медицинска опрема, медицински и немедицински инвентар за потребите на Јавните здравствени установи во Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.