24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Регистриран нов случај на мали сипаници во Скопје, детето не било вакцинирано

Во периодот од 19 октомври до 1 ноември регистриран е еден нов случај на мали сипаници.

Се работи за невакцинирано дете од возрасната група од 1 до 4 години, од Скопје., информираат од Институтот за јавно здравје.

Случајот е лабораториски потврден и не е најдена епидемиолошка врска со друго заболено лице.

Заклучно со 1 ноември, вкупниот број на регистрирани случаи на мали сипаници во Републиката изнесува 1.901, со стапка на заболување од 91,9 на 100.000 жители.

Од Институтот за јавно здравје додаваат дека сé уште е во тек епидемијата на мали сипаници на цела територија на Македонија.

Според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin, кој циркулира и во соседните држави.

Во тек на 42. и 43. недела во државата вакцинирани се вкупно 1.123 деца (од предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП-вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 42.746 (во прикажаниот вкупен број на вакцинирани се вклучени и пропуштените и редовно вакцинираните деца со МРП-вакцина).

Од почетокот на епидемијата до сега во Центрите за јавно здравје дополнително се аплицирани вкупно 6.295 дози на вакцина, од нив повеќе од 60 проценти кај здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, а останатите се контакти на заболени и лица над 14-годишна возраст.