Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сасоли: Не се работи за „не“ или историска грешка, туку историски застој

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, денеска во македонското Собрание говорејќи за одлуката на Европскиот совет, рече дека таа не треба да се толкува како „не“ за почеток на преговарачкиот процес или историска грешка, туку како историски застој.

„Имаме заедничка иднина, да ја напишеме заедно“, порача Сасоли додавајќи дека нашите разочарувања се и разочарувања на ЕУ, бидејќи иднината на Северна Македонија е во Унијата.

Посочи дека постојат одредени тешкотии што треба да ги надминеме, но треба да гледаме со малку оптимизам што ќе ни овозможи да ја завршиме и оваа фаза што ќе ѝ овозможи на Северна Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Сасоли е уверен дека резервите од одредени земји наскоро ќе бидат преразгледани.

Претседателот на ЕП нагласи и дека треба да продолжат реформите во земјава. Според него, важно е да се сфатат забелешките кои ги имаа одделни земји и да се работи на нивно надминување.

Претседателот на Европскиот парламент изрази уверување дека, прашањето за отворањето на преговорите со Република Северна Македонија може пак да се стави на дневен ред, имајќи ја предвид поддршката на голем број земји членки, како и единствениот став на европските институции.

Можеби ќе ве интересира

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК