12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Судијата Шабани до Илија Димовски: Не НАТО, не ЕУ, не Св. Апостол Павле да го бара, во иднина нема одложување рочиште

Револтиран поради ненајавеното отсуство на обвинетиот Илија Димовски, судијата Осман Шабани на денешното рочиште го опемени пратеникот дека ова е последно негово отсуство што судот го толерира.

-Ваква неодговорност нема да толерирам. Никогаш во животот веќе да не се осмелил. Илија Димовски нека заборави за одлагање. Не НАТО, не ЕУ, не Св. Апостол Павле да го бара, во иднина нема одложување, ова е неодговорно, реагираше судијата Шабани.

Одбраната на Димовски кажа дека тој е отсутен поради службени обврски во Собранието, но судијата реагираше дека за тоа не бил известен судот. Следното рочиште е закажано за 13 ноември.

Случајот „Талир“ се однесува на сомнежите за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +