5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Бочварски: ВМРО-ДПМНЕ уништуваше, СДСМ гради насекаде како никогаш досега по 2 и 3 пати пониски цени

Претседателот на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Благој Бочварски, учествуваше на дебатна емисија „24 Анализа“ на ТВ 24, на која се осврна на сработеното на полето на капитални инвестиции од Владата предводена од СДСМ и на огромната разлика во концепти помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„Во изминативе 2 и пол години, Владата предводена од СДСМ се фокусираше на реализација на капиталните инвестиции, особено во делот на патиштата и патната инфраструктура. Во моментот се гради насекаде, како никогаш досега. Досега, изградени и рехабилитирани се околи 500 километри во вредност од 800 милиони евра, што е повеќе од тоа што го ветивме во „Планот за живот“, тоа е доказ дека политиките и мерките за спроведување на капиталните инвестиции се на прав пат “ – истакна Бочварски.

Бочварски се осврна и на состојбота во која СДСМ ја наследи власта, потенцирајќи дека тогаш целата економија беше во колапс со -1.8 отсто пад на економијата, за денес растот на економијата да изнесува 3.6 отсто.

„Со аргументи ќе ви докажам која е огромната разлика помеѓу расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и домаќинското работење на Владата предводена од СДСМ. Доказ за тоа се официјалните податоци, на автопатот Миладиновци-Штип цената за тампонирање изнесуваше 2.202 денари, а денес на тампонирањето на автопатот Штип-Кочани изнесува 573 денари. За асфалтниот долен слој на автопатот Миладиновци-Штип, ВМРО-ДПМНЕ има договорена цена од 10.700 денари, а денес Владата предводена од СДСМ за асфалтниот долен слој на автопатот Штип-Кочани договори цена од 5.500 денари. Тоа е разликата како ВМРО-ДПМНЕ договораше инфраструктурни проекти во 4 очи за денес СДСМ да обезбеди по два пати и три пати пониски цени – истакна Бочварски.

Бочварски се осврна и на состојбата на автопатот Кичево-Охрид, каде актуелната темелна анализа ги покажа аномалиите и слабостите поради неодговорното и криминалното работење на ВМРО-ДПМНЕ. Поради нестручното планирање на опозицијата овој автопат дополнително ќе чини околу 190 милиони евра, пари на граѓаните – заклучи Бочварски.

Спонзорирано: