10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Продолжуваат преговорите за платите во образованието

Министерството за образование и наука (МОН) и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) денеска ќе одржат нова средба во врска со барањата за зголемување на платите за просветните работници.

На средбата ќе присуствува и премиерот Зоран Заев.

Заев ја најави средбата вчера во Собранието и рече дека заедно со Министерството и Синдикатот ќе се обидат да најдат заедничко прифливо решение за покачувањето на платите во овразованието.

Тој упати апел до професорите и наставниците да не грижат дека има пари во буџетот за повисоки плати.

„На средбата ќе побараме од СОНК да имаат трпение затоа што има проектиран буџет за таа намена. За среќа, буџетот не го тршиме на глупости. Ќе ги покачиме платите без денар задолжување. Нашата проекција е со ова покачување наставниците да достигнат плати повисоки од просечната“, рече Заев.

Синдикатот и Министерството се состанаа во вторникот, меѓутоа не постигнаа договор. СОНК бараат зголемување на платите кое ќе биде поголемо од десет проценти и ќе почне од 1 јануари, следната година. Од другата страна, МОН предложи платите да се зголемат за 10 проценти од април. Од Синдикатот не се согласуваат со предлогот и најавуваат генерален штрајк што би се случил на 11 ноември.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.