24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец оштетил две возила и украл предмети во вредност од 100.000 денари

Полицијата поднесе кривична пријава против Н.Д.(47) од Скопје, поради тешка кражба и тешка кражба во обид, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 100.000 денари.

„На 1 април, на паркинг простор на улицата Аминта Трети, во патничко моторно возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, со употреба на тврд предмет го скршил стаклото и одзел повеќе предмети. Исто така, на 7 октомври во периодот од 13 до 14 часот на паркинг простор на булеварот ВМРО, на идентичен начин оштетил патничко моторно возило „хјундаи“, при што не одземал ништо“, информираат од МВР./Makfax