24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКАИЗБОР

Медитеранот се загрева побрзо од останатиот дел на планетата

Медитеранот се загрева побрзо од остатокот на планетата, а доколку не се преземе нешто, околу 500 милиони негови жители се изложени на ризик од суши и недостаток од питка вода и храна, се вели во неодамнешниот извештај на Меѓународниот институт за биодиверзитет и екологија (IMBE), со седиште во Франција.

Во извештајот се вели дека температурите во регионот на Медитеранот се зголемуваат за 20 проценти повеќе во споредба со светскиот просек, пренесува „Ел Паис“.

Овој документ предупредува дека во иднина ќе има подолги и посилни топлотни бранови, како и подолги сушни периоди.

Заменик-генералниот секретар на Унијата за Медитеранот, задолжен за енергетика и климатски промени, Граменос Мастројени, рече дека извештајот може да биде корисен за владините лидери при донесувањето на одлуки.

„Ние не сме навикнати да ги вклучуваме климатските промени и природата во нашите политики и планови. Меѓутоа, доколку не го сториме тоа, ќе бидеме жртви на многу силна динамика“, рече Мастројени.