Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти меѓу 3 и 11, а максималната ќе достигне од 25 до 30 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје сончево и топло време, со температура до 29 степени.
Според метеоролозите, во следните денови продолжува периодот на претежно сончево време со натпросечни дневни температури.