Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Исполнето е ветувањето за укинување на квотите за лекови, здравството е на прав пат

Укинати се квотите за лекови на рецепт. Исполнето е уште едно ветување од изборната програма на СДСМ, реализирана е уште една клучна мерка од програмата за работа на Владата предводена од СДСМ, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

-Од 1ви октомври, осигурениците можат да го подигнат соодветниот лек кој било ден од месецот во која било аптека. Нема повеќе паника и турканици на почеток на месец кај матичните лекари и во аптеките. Исто така оваа мерка овозможува поволност, доколку осигуреникот не може сам да го подигне лекот, тогаш друго лице да го подигне во негово име и тоа лице се легитимира со сопствената лична карта или пасош. На овој начин точно може да се провери во секое време дали лековите ги добиваат лицата на кои се препишани, велат од СДСМ.

СДСМ досега ги подобри условите во 10тина Јавно-здравствени установи, а следува подобрување на условите во други 34 Јавно-здравствени установи. Се унапредува целиот здравствен систем, се подобруваат условите во Јавните здравствени установи, растат платите на медицинските работници, се унапредува грижата за пациентите. Здравството е на прав пат, СДСМ преку реални и конкретни мерки продолжува со грижа за пациентите и унапредување на целиот здравствен систем, додаваат од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК