На прав пат сме. Најголемите проблеми се зад нас, а патот што го избравме ни гарантира подобро утре. Тоа е патот на раст на платите, на градежната офанзива, патот преку кој парите одат кај граѓаните.
Ова денеска го напиша премиерот Зоран Заев на фејсбук.
– Тоа е патот за заедничка борба против загадувањето, против сиромаштијата и против корупцијата. Тоа е патот на сигурноста, безбедноста и слободата – патот до НАТО и ЕУ.
На тој пат, секој од нас треба да преземе иницијатива и да ги искористи можностите кои постојат.
Време е сите да се приклучиме на сигурниот, на брзиот, на правиот пат и да дадеме свој придонес. Така ќе постигнеме уште повеќе, за нашите деца, за нашата земја, за нас самите, за подобар живот.
Приклучи се, на прав пат сме!, напиша тој.
https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10157861847437932