– Цели осум дена Христијан Мицкоски молчи, бега од јавноста, не дава одговор на јавно поставените прашања:
Дали тајкунот и обвинет во предмети на СЈО, Орце Камчев ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за престедателските избори?
Нема одговор ниту на прашањето, дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите се нотирани во нивниот Финансиски извештај?, праша Костадин Костадинов од СДСМ.
– Молчи Мицкоски, молчи и Игор Јанушев кој како генерален секретар е потписник на сметката.
Молкот на Мицкоски и Јанушев отвора сериозни и оправдани сомнежи во јавноста.
За да ги охрабриме, да излезат и да одговорат пред граѓаните, ги прашуваме:
Дали донациите на Орце Камчев се неколку стотици илијади евра?
Ако Камчев ја финансирал кампањата со стотици илјади евра, а тоа не е заведено во финансискиот Извештај, тогаш се отвора простор за индиции за сериозно кривично дело, нелегално финансирање на изборна кампања.
Дали ова директно го поврзува Мицкоски со случајот „Рекет“ и дали можеби ова е мотивот, зошто тој толку посветено го брани тајкунот на режимот, Камчев?, праша Костадинов.