Овен
За Октомври, ѕвездите прогнозираат големи промени за Овенот. Осамените претставници на овој хороскопски знак ќе запознаат личност која целосно ќе им го промени животот. Оние, кои веќе се во врска, може да добијат предлог за брак. Според распоредот на планетите, сепак не треба да избрзуваат со одлуките.
Девица
Уште на почетокот на Октомври, Девицата ќе има важна средба. По природа, овој хороскопки знак е доверлив и романтичен, сепак треба да биде претпазлив. Иако новите средби ќе изгледаат ветувачки, нема да донесат ништо друго освен разочарување. Сепак, на крајот од Октомври ќе се појави личност, со која можеби Девицата ќе започне сериозна врска.
Водолија
Во текот на Октомври, Водолијата ќе биде склона кон правење работи без размислување, бидејќи одредени моќни романтични чувства ќе им го поматат умот. Споре астролозите, Водолијата треба да обрати повеќе внимание на карактерот, отколку на надворешниот изглед на потенцијалните кандидати за партнери. Уште на почетокот на Октомври, овие претставници ќе имаат можност да ја сретнат својата сродна душа или да отпочнат врска со личност кон која веќе извесен период имаат романтични чувства.