8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Казнети повеќе од 100 возачи на мотори и автомобили за еден ден во Скопје

Повеќе од 100 возачи на мотори и автомобили се казнети во текот на вчерашниот ден во Скопје, соопшти МВР.

Во времето од 06 до 24 часот казнети биле 45 возачи кои ја пречекориле брзината, а откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај, пак, вчера од 18,30 до 01,30 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Санкционирани се 12 возачи.

Покрај тоа, задржани се два мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност. Откриени се 22 останати прекршоци за кои се издадени 11 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

Можеби ќе ве интересира

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК