3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

„Стандард и Пурс“ повторно го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Северна Македонија

Агенцијата „Стандард и Пурс“ повторно го потврди кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија ББ-, со стабилен изглед, соопшти Министерството за финансии.

„Стандард и Пурс“ очекува во следните месеци да отпочнат преговорите за членство во ЕУ, што би влијаело на забрзување на реформите и подобрување на институционалниот капацитет на земјата.

Кредитната агенција забележува дека економијата на Република Северна Македонија продолжува да расте и во текот на 2019 година (4,1% во прв квартал 2019), движена од растот на потрошувачката и инвестициите. Агенцијата проектира просечeн економски раст од околу 3% до 2022 година, поддржан од зајакнувањето на институционалните капацитети во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Буџетскиот дефицит се очекува да биде просечно околу 2,5% во периодот по 2019 година. Агенцијата го оценува јавниот долг како умерен во глобален контекст и оценува дека иако долгот ќе расте до 2022 година, понатаму ќе се стабилизира на ниво од околу 45%.

„Според Агенцијата, подобрување на кредитниот рејтинг може да следи со навременото имплементирање на реформите, зајакнување на институционалната поставеност и подобрување на економските перспективи. Од друга страна, враќањето на политичките тензии или забавувањето на темпото на реформи, можат негативно да се одразат врз кредитниот рејтинг“, се наведдува во соопштението.

Спонзорирано: