ВИЕ ИМАТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ АКО САКАТЕ ДА ИМАТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ. А АКО САКАТЕ ДА ИМАТЕ КОМШИИ-СОЈУЗНИЦИ И ТИЕ ДА ВЕ ИМААТ ВАС, Е ТОГАШ ЌЕ ИМАТЕ КОМШИИ-СОЈУЗНИЦИ
Ристо Никовски повторно го вози најштетниот а воедно и најглупавиот наратив: “Бугарите нема да го ‘отстапеле’ Гоце Делчев дека бил Македонец, а договорот со Грција бил капитулантски”, пишува “Рикио” за “Нова Македонија”.
О, море, Ристе, кутар Ристе, вие на соседот може секогаш да гледате како на непријател, ако вие таа позиција ја изберете, или таа позиција ве избере вас. Ама таа позиција е болна, штетна и епски глупава.
Никој нам не ни е суден да ни биде пријател или непријател, а тоа зависи најмногу од тоа како ќе се постават политичките елити. Денес Зоран Заев одбра и се постави ние, нашата земја да биде пријател со своите комшии.
Тамо кајшто нема нерасчистени ситуации, тамо кајшто нема едни на други да им земат нешто “позади грб”, тамо нема некои особени непријателства.
Ако само малку појдете назад, и ако овде би се створил некој граѓанин од пред сто-и-нешто-години, нашиот непријател би си го лоцирале во Бугарите. За Хрватите малку се мислело, за Албанците исто така малку се мислело итн.
Сакам да ви кажам дека “фигурите на нашите соседски непријатели” се менливи, ако се менливи тоа значи дека се и арбитрарни. Но, поентатата е следна: ВИЕ ИМАТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ АКО САКАТЕ ДА ИМАТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ. А АКО САКАТЕ ДА ИМАТЕ КОМШИИ-СОЈУЗНИЦИ И ТИЕ ДА ВЕ ИМААТ ВАС, Е ТОГАШ ЌЕ ИМАТЕ КОМШИИ-СОЈУЗНИЦИ.
Зоран Заев и владата во комшиите виде пријатели и сојузници, а не непријатели. Значи можеше Зоран и обратно, ама потоа ќе беше ист како оној неранимајко што го набркавме, нели?
Ние одлучуваме, ние граѓаните: дали во комшиите ќе гледаме пријатели или непријатели. Тоа на Ристо Никовски не може да му влезе “од едно место директно во неговата глава”. Со Заев нема да ги гледаме комшиите како непријатели оти тоа е клучен предуслов за влез на земјава во НАТО и ЕУ. А и не само заради ЕУ и НАТО, туку затоа што нормални и цивилизирани луѓе во комшиите гледаат пријатели и сојузници.
Еј, море, Рики, ние одлучивме да бидеме пријатели со нашите комшии. Ние, море, Ристо!
Зоран Заев нема да игра на негативни предрасуди за кои знаеме дека овде се се’ уште многу жилави. И сосема намерно се одржуваат во живот. Македонија нема да биде во константа борба со самата себе, оти ако сте во константна борба со самите себе, ќе биде во константа борба со сите останати. Конфликтите, пак, со соседите не смее да биде покритие за неодговорна политика дома.
Ние со Зоран ќе бидеме пријателски народ со Грците и Бугарите и со сите останати комшиски народи. Во Руските степи не се нашите пријатели, или пак ако ги барате во Американски прерии, и тамо нема да ги добиете. Нашите пријатели се оние кои живеат тука покрај нас: Бугарите, Грците, Албанците, Србите, Турците, Ромите… Вие одлучувате дали на комшиите ќе гледате како на пријатели или исклучиво ќе гледате како на непријатели.
Паметна и нормална влада сфаќа дека прави комшии, пријатели и сојузници се оние кои им се најблиску, оние кои просторно и географски живеат до нив.
Фејсбук статус на Ненад Јовановиќ