8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“.

Коминикето за воспоставување дипломатски односи вчера во седиштето на Обединетите нации во Њујорк го потпишале амбасадорот на Јужна Кореја, Чо Тае-јул, и претставничката на Мисијата на Северна Македонија во ОН, Сања Зографска Крстеска.

„По воспоставувањето на дипломатските односи, Јужна Кореја очекува засилени билатерални врски со Северна Македонија на политички и на економски план, како и зајакнување на соработката во балканскиот регион“, соопшти Министерството.

Новинската агенција наведува дека Северна Македонија е 191. земја која има воспоставено дипломатски односи со Јужна Кореја.

Сирија и Куба остануваат членки на ОН кои допрва треба да воспостават дипломатски врски со Кореја.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.