Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Затворен патот Кочани-Македонска Каменица

Сообраќајот на патниот правец Кочани-Македонска Каменица, поради минирање на карпи кај мотел „Саваро“, и денеска е во прекин, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

СИН ГО НАПАДНАЛ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО ПО СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА – Приведен 25-годишник во Ропотово

ДЕСК

ПОВИСОК СТУДЕНТСКИ ОБРОК И ПОПУСТ ОД 20 ПРОЦЕНТИ – Јаневска најави нов модел за студентите од 2027 година

ДЕСК

Филипче: Скандал, Мицкоски самиот призна дека нарачува лажни текстови и црни кампањи по медиумите

ДЕСК