23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Проверете дали сте на неа – УЈП објави имиња на луѓе и фирми во најновата листа кои должат данок

Управата за јавни приходи ја објави најновата Листа на должници бр.07/2019 за долгови доспеани до 31.03.2019 и неплатени до 30.06.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Листата се однесува на вкупен долг: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.7/2019 објавени се 1.924 должници – правни лица (помалку за 13 од претходната листа) и 1.882 физички лица (помалку за 642 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.7/2019 изнесува 8.684.577.660 денари, помалку за 260.639.595 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.537.537.637 денари (помалку за 261.243.887 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 147.040.023 денари (повеќе за 604.292 денари од претходната листа).

Целосната листа на дожници можете да ја погледнете тука.