Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Студентите го прашале професорот зошто не се оженил, а неговиот одговор изненадувачки

Студентите го прашале професорот: „Вие сте толку искрен и мудар. Сите ве почитуваат, сакаат да ве следат. Но сепак, многу не интересира една работа, зошто никогаш не се оженивте?“

Професорот, зачуден од ова прашање, се отворил и прозборел…

„Гледајте, јас секогаш барав совршена жена

И во таа потрага, пропатував низ многу земји. Еднаш засакав една преубава девојка. Беше неверојатно убава. Ниту еден маж не можеше да одолее на нејзината убавина. Но за жал, нејзината душа немаше таква убавина, па по некое време се разделивме“.

Потоа сретнав една млада девојка. Таа беше убава, паметна и образована. Но за жал, карактерите ни беа целосно различни и моравме да ја прекинеме нашата врска.

Оттогаш видов многу преубави жени, но секогаш трагав по Совршената“

„И што се случи, зар не сретнавте таква?“

„Да. Ја сретнав! Еден ден се појави баш таква: Совршена – паметна, убава, елегантна, добра… со прости зборови: само совршенство!“

„И тогаш се оженивте?!“ – воодушевено и нестрпливо прашале студентите.

„Не! На мое големо разочарување, се испостави дека и таа бара Совршен маж.“

Многумина бараат совршенство кај други, но не работат на своето совршенство.