Овие плескавици од компир со месо се неверојатни. Пробајте ги и вие – се подготвуваат едноставно и брзо, а се многу вкусни.
СОСТОЈКИ:
– 5-6 компири, 150 грама мелено, претходно испржено месо, лук – 1 главица,2 јајца, брашно – една лажицa,, малку магдонос, сол, бибер, зачини
ПОДГОТОВКА:
1. Изрендајте го компирот и исцедете ја водата.
2. Додајте јајца, сол, бибер, брашно и измешајте.
3. Меленото, претходно малку испржено месо, измешајте го со ситно сецканиот лук, бибер, сол и останатите зачини.
4. Од направената маса компир формирајте тенки плескавици.
5. Ставете месо на формите од компир и поклопете ги со друга половина од смесата и пржете ги на врело масло од двете страни.
Готово е…
Исто така многу е вкусно ако плескавиците ги прелиете со павлака, а наместо месо може да ставите и салама.