Природните сокови од зеленчук и овошје можат да ви помогнат во борбата со несоницата и останати проблеми.
Несоницата е еден од здравствените проблеми на кои луѓето најчесто се жалат: од прилика 1 од 3 лица се среќаваат со проблеми во спиењето.
Сепак, несоницата можете да ја победите со природни сокови и промена на некои навики.
За да се изборите со несоницата, пред спиење добро е да уживате во топла купка, а времето пред спиење да го поминете во пижами, а не во облеката во која сте цел ден. Исто така, не јадете 1-2 часа пред спиење и изгаснете ги сите уреди барем 30 минути пред спиење.
Во продолжение еве еден рецепт за природен сок против несоница:
Состојки: целер, кељ, малку спанаќ, четвртина краставица, половина банана
Сите состојки ставете ги во блендер и разматете. Додајте вода по потреба.