Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Црната кампања на ДПМНЕ прерасна во паника– со лаги се обидуваат да го прикријат хаосот во енергетиката и во РЕК

Соопштение на СДСМ – интегрален текст:

ВМРО-ДПМНЕ е во очај. Наместо резултати, проекти и решенија за граѓаните, тие секој ден измислуваат нови лаги и манипулации за претседателот на СДСМ. Денешната прес-конференција е класичен пример на црна кампања која прераснува во политичка паника.

Она што го говори ВМРО-ДПМНЕ е целосна невистина без било каква основа, ниту пари од тендери завршувале кај фирми за кои зборуваат ниту пак на било кој начин е поврзан претседателот Филипче. Тоа се лажни обвинувања и измислени конструкции. Впрочем ако имаше барем трошка вистина, немаше да поставуваат прашања на прес-конференција.

Очигледно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат никакви резултати да им ги покажат на граѓаните, па затоа целиот фокус го насочуваат кон црна кампања против претседателот Венко Филипче и СДСМ.

Ова веќе добива комични димензии, каде е видено власт да зборува само за опозицијата, а да не каже ниту еден збор за своја политика, проект или успех?

СДСМ ќе продолжи да се бори за вистината и да ги разобличува лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, енергетиката е во целосен хаос, во РЕК Битола се уште не работи Блок 3 на праг на грејна сезона.

Колку повеќе Мицкоски се крие зад лажни прес-конференции, толку појасно станува дека вистинскиот проблем е нивното владеење и неспособноста, од економијата, преку енергетиката, до секоја друга област.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК