Секој човек има одредени бемки на кожата кои не претставуваат никаква опасност.
Но, има и таканаречени необични бемки кои имаат потемна боја или се црвени и немаат ограничување од кожата и оние кои нагло менуваат боја и големина за кои веднаш треба да се посети лекар.
Доколку бемките се црвени, најверојатно се работи за т.н сенилни или цреша ангиом промени, кои настануваат поради проширени вени.
Иако најчесто се безопасни, сепак многу луѓе решаваат да ги отстранат доколку се на места каде што можат да бидат иритирачки или поради естетска причина.